top of page

(Видео) Објавен нов трејлер за „Топ ган: Маверик“

Со оглед на тоа дека премиерата на долгоочекуваното продолжение на класикот од 1986 година „Топ Ган: Маверик“ е одложена до јули, фановите стравуваат да не претрпи повторно одложување. Филмот треба да почне да се прикажува на 2 јули 2021 година, а воениот пилот на Круз повторно ќе се појави по 30 години од прикажувањето на оригиналниот филм, кој го претвори актерот во светска ѕвезда. Во продолжението ќе го видиме и Мајлс Телер како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежба во првиот филм. Во филмот „Топ ган: Маверик“ глумат и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на ривалот на Маверик, Ајсмен.


 
 
 

Comments


bottom of page