top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Мет Дејмон на премиерата на „Стилвотер“ во Њујорк


Тој го глуми таткото на една американска девојка во затвор во Франција за убиство на пријателка.

Мет Дејмон изгледа младешки кога во понеделникот се појави во „Линколн“ центарот во Њујорк за да присуствува на премиерата на новиот драма- трилер Stillwater.

Sвездата на „Гуд Вил Хантинг“ (50) на себе има темно одело во комбинација со едноставна бела маичка. Таблоидите го оценија неговиот изглед како смарт и лежерен.

“Стилвотер“ е сторија за татко кој патува од Оклахома во Франција за да ѝ помогне на својата ќерка откако е осудена за убиство. Базиран на случајот „Аманда Нокс“, во филмот Дејмон се појавува како Бил Бејкер, работник во нафтената индустрија кој живее во Стилвотер, Оклахома. Неговата отуѓена ќерка (Абигејл Бреслин) студира во Марсеј, каде што е уапсена и обвинета за убиство на нејзината другарка.




0 views

Comments


bottom of page