top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Лејди Гага ја испеа американската химна на инаугурацијата на Бајден

21.01.2021 ЈАНУАРИ ЧЕТВРТОК

Поп-ѕвездата Лејди Гага покажа дека може да испорача одличен перформанс и без придружни елементи на сцена, коментираат светските медиуми. Немаше танчари, пиротехника и единствениот изразен дел од нејзината облека беше голем златен брош во форма на гулаб на мирот. Toa го насочи фокусот на нејзиниот вокал, кој беше силен и сигурен, додека лизгаше низ ноторно широката мелодија и нејзините незгодни вокални скокови. Гага, гласна критичарка на администрацијата на Доналд Трамп, непосредно пред церемонијата напиша на „Твитер“ дека сака нејзиниот настап да обезбеди момент на здружување и заедништво по поделбите во последните четири години. „Чест ми е да ја испеам нашата национална химна за американскиот народ“, напиша таа.






4 views

Comments


bottom of page