top of page

(Видео) „Дизни“ со нов трејлер и фотографии од злобничката Круела

Греми-наградите беа богати со настани од повеќе причини, но исто така го видоа и „Дизни“ со мало модно навестување на претстојната приказна за супернегативката Круела. Потоа компанијата објави неколку фотографаии, кои навестуваат раскошна костимографија на филмот – која всушност изгледа прилично зачудувачки. Ема Стоун глуми озлогласен убиец на кученца, Круела де Вил, во филмот „Круела“, чие дејство е поставено пред настаните од „101 далматинец“ во Лондон во 70-тите. Панк рок-револуцијата го достигнува својот врв, а на сцената доаѓа млада мафијашка по име Естела (Ема Стоун), решена да се прослави со своите дизајни. Кога ќе се спријатели со двајца крадци и ќе изгради живот со нив на улиците во Лондон, нејзиниот талент за мода привлекува внимание на една бароница Вон Хелман – модна легенда, која ја игра Ема Томпсон. Еве го новиот трејлер за Дизниевата негативка Круела.




 
 
 

Bình luận


bottom of page