(Видео) „Брзи и бесни“ се враќаат по деветти пат за нови возбудувања
За да ја одбележат скорешнaта премиера на деветтиот дел на „Брзи и бесни“ под скратен наслов F9 , некои медиуми направија кус осврт на една од најуспешните филмски саги. Започна како филм за нелегални улични трки, а во киносалите пристигна во јуни 2001 година со малку возбуда. И, во голема мера благодарение на sвездата Вин Дизел, кој го толкува смелиот возач Доминик Торето, „Брзи и бесни“ стана една од најуспешните филмски франшизи на сите времиња, генерирајќи 5,8 милијарди долари додека еволуираше во голема крими сага со сè поизразени акробации и ѕвезди како Шарлиз Терон и Хелен Мирен. Снимањето на деветтото продолжение се одвиваше помеѓу јуни и ноември 2019 година во Лондон, Лос Анџелес, Единбург, Тајланд и Џорџија. По неколку одложувања, премиерата во САД е закажана за 25 јуни. Во новото продолжение, Доминик Торето (Ван Дизел) и неговaта екипа ги здружуваат силите во битката со највештиот атентатор и возач со високи перформанси што некогаш го имаат сретнато – неговиот напуштен брат.
Comments