top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на ковид-протоколите

08.01.2021 јанури Петок

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, поради пандемијата со коронавирусот, годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на Ковид-19, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото“. Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала“, Перо Тешиноски вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото“. “Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото“, изјави Тешиноски. На синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре. Од василичарското друштво „Горна маала“ велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.





1 view

Comments


bottom of page