Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
24.02.2021 februari sreda
Ракометарите на Вардар по долга пауза забележаа победа во Лигата на шампионите откако во Скопје го совладаа тимот на Елверум со 35:32.
Вардарци номинално беа гости на овој натпревар затоа што од претходно беше договорено двомечот со Норвежаните да се игра во Скопје. Откако првиот натпревар заврши без победник (34:34), овој натпревар припадна во корист на вардарци кои сега се одлепија од дното на табелата и се наоѓаат на претпоследната позиција во групата Б.
Вардарци до победата стигнаа со одлична игра во последните десетина минути од натпреварот кога успеаја да направат пресврт најмногу благодарение на Робин Кантегрел кој собра пет интервенции во тој период.
Тимур Дибиров беше најдобар стрелец на теренот со девет погодоци, додека одличен настап имаше и Гоце Георгиевски со четири постигнати голови. Чупиќ, Гаџа и Шеваљевиќ натпреварот го завршија со по четири постигнати голови.
Следниот натпревар Вардар треба да го игра на 4 март кога треба да го нагости тимот на Мешков Брест во Скопје.
Comments