top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Ванда вижн“ владее на наградите на Ем-ти-ви за филм и телевизија

Марвеловата серија на Дизни-плус каналот WandaVision доминираше на доделувањето на филмски и телевизиски награди на Ем-ти-ви во неделата, додека Скарлет Јохансон и Саша Барон Коен добија специјални награди за нивниот придонес во филмската индустрија. Автор на серијата е сценаристот на филмот „Капетан Марвел“, Џек Шефер, а режисер е ТВ-ветеранот Мат Шекмен. Чадвик Боузмен доби постхумно признание за најдобра изведба во филм за неговиот последен филм, „Ма Рејни: Мајка на блузот“, драма од ерата на џезот. Актерот од „Црн Пантер“ почина во август минатата година на 43-годишна возраст, од рак на дебелото црево WandaVision, серија на „Дизни плус“ беше избрана за најдобра ТВ-серија на наградите за кои гласаа фановите, додека Елизабет Олсон победи за најдобра изведба на портретирање на главниот лик Ванда.


0 views

Comentários


bottom of page