top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бритни Спирс бара да се обрати до судот за случајот со старателството

Адвокатот на Бритни Спирс изјави дека таа побарала да говори директно за случајот со старателството пред судот. Таткото на пејачката, Џејми Спирс, доби дозвола за целосна контрола над нејзините лични и деловни работи со судска наредба во 2008 година. Судот првично наложи трајно старателство откога музичката sвезда беше хоспитализирана поради загриженост за нејзиното ментално здравје. Документарец објавен на почетокот на оваа година предизвика полемика во врска со контролата на татко ѝ. „Мојот клиент побара рочиште на кое таа може директно да се обрати до судот“, им рече Самуел Ингам на новинарите пред судот во вторникот додавајќи дека неговиот клиент побарал тоа да се направи по забрзана постапка. Судијата одреди датум на рочиште за 23 јуни. Нејасно е дали Спирс ќе се појави лично и, ако се појави, што ќе каже. Пејачката претходно преку адвокатите посочи дека повеќе не сака татко ѝ да ги надгледува нејзините лични работи.


1 view

תגובות


bottom of page