top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Брит aвордс“ со публика во живо, без маски и без физичка дистанца

Свечената церемонија на доделување на Британските музички награди следниот месец ќе биде со публика во живо, како дел од истражувањето на владата за тоа како масовните настани ќе функционираат по пандемијата. Церемонијата ќе се одржи во лондонската О2 арена на 11 мај, а ќе ја води комичарот Џек Вајтхол. Публиката од 4.000 луѓе (колку што дозволија организаторите) нема да има потреба да носи маски или да биде физички дистанцирана, но ќе треба да има негативен тест за Ковид. Тоа е најновиот додаток на Програмата за истражување настани, која испитува како местата и настаните можат безбедно да се отворат повторно. Шемата вклучува и ноќен клуб во Ливерпул кој ќе биде домаќин на 3.000 луѓе вечерта на 30 април и на 1 мај, и свирка со капацитет од 5.000 гига во градот на 2 мај. Владината програма за истражување постпандемиски настани вклучува и спортски спектакли, меѓу нив е финалето на ФА купот со 21.000 гледачи, четири дена по Брит авордс, на 15 мај. Светските шоубиз медиуми веднаш ја објавија веста за „Брит авордс 2021“ со коментар дека тоа ќе биде и прослава и експеримент. Шоуто се очекува да има публика од 4.000 луѓе – приближно една петтина од капацитетот на местото. Еве го изненадувачкиот дел: публиката нема да бидат социјално дистанцирани или да се бара да носат маски за лице во арената. Во изјава, „Брит авордс“ шоуто го карактеризира како „прв голем музички настан во затворен простор кој ќе ѝ посака добредојде на публиката – клучен момент во враќањето на музиката во живо“. Во соопштението се напоменува: „Свечената церемонија во затворен простор и шоуто во живо ќе бидат дел од владината научна програма за истражување настани, со користење подобрени пристапи за тестирање, со цел да се испита како може да се одвиваат настани без социјално дистанцирање.“



1 view

Comments


bottom of page