top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Брестовац: Разочаран сум, истото ни се случува петти пат на мундијалот

22.01.2021 JANUARI PETOK

Данило Брестовац побара од своите ракометари да се покажат во подобро светло на двата последни натпреварив против Русија и Белорусија откако тие покажаа борба во првото полувреме против Словенија пред два дена, но наместо тоа, ова попладне видовме една обесхрабрена селекција која уште од самиот старт се откажа од било каков позитивен епилог против Русите.

Репрезентацијата која ја предводи Петковиќ беше немилосрдна и уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот, а разликата од 10 разлика стана 12 на крајот од мечот и Македонија со нов убедлив пораз ќе се подготвува за својот завршен настап на мундијалот во Египет.

Нашите избраници „влетаа“ на Светското првенство во последен момент како замена за Чешка, а иако Брестовац тоа го нагласи како проблем со оглед на недостигот на подготовки, денеска и самиот призна дека неговите играчи имале погрешен пристап на мечот, нешто што се повторува од натпревар во натпревар.

Со исклучок на натпреварот против Чиле каде успеавме да реагираме и покрај лошото прво полувреме, на преостанатите четири меча претрпевме убедливи порази, а Брестовац како селектор побара крајно посериозен пристап од репрезентативците.

– Навистина сум разочаран, имавме лош пристап уште од стартот на мечот. Влеговме лошо во натпреварот и лошиот пристап ни се повторува на петти меч на Светското првенство. Како селекција дојдовме во Египет да учиме, ја остваривме целта со пласманот во главната фаза, но барам пристапот да биде посериозен на секој меч. Исто како и против Словенија, имавме добри и лоши моменти, но лошиот почеток беше пресуден за поразот, – изјави Брестовац на официјалниот прес по мечот.


1 view

Comments


bottom of page