top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бред Пит и Анџелина Џоли ќе имаат заедничко старателство над децата

Бред Пит доби заедничко старателство над петте малолетни деца од бракот со Анџелина Џоли по долга правна битка, објавија американски медиуми. Поранешниот пар почна правна битка за старателство над своите пет малолетни деца – Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и 12-годишните близначки Вивиен и Нокс – од нивната разделба во 2016 година, а во средата (26 мај) официјално им било доделено заедничко старателство. „Имаше значајна промена во договорите за старателство врз основа на исклучително детаљна одлука на судијата“, изјави анонимен извор за „Пејџ сикс“. „Бред само се обидуваше да има повеќе време со своите деца – и јасно беше дека Енџи стори сè за да го спречи ова“, рече изворот. „Овој судски процес траеше долго, со голем број сведоци, експерти, психијатри и други луѓе што биле со децата и околу нив, а одлуката се темелеше на тоа“. Истиот извор тврди дека Бред, кој со Анџелина го има и 19-годишниот син Медокс, е многу среќен што може да поминува повеќе време со своите деца. Сепак, некои медиуми сметаат дека Џоли ќе продолжи да се бори против аранжманот за старателство бидејќи не се согласува со начинот на кој судијата Џон Одеркирк ја водел нивната судска постапка.


2 views

Comments


bottom of page