top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Брајант постхумно примен во „Куќата на славните“

НБА

Трагично загинатата кошаркарска легенда не го дочека моментот кога неговото животно спортско остварување ќе биде наградено со место меѓу најдобрите на сите времиња. Големата кошаркарска НБА-ѕвезда Коби Брајант постхумно беше овековечена како нов член во „Куќата на славните“ во Спрингфилд. Легендарниот Брајант, кој пред повеќе од една година трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со неговата ќерка Џиџи, конечно се најде меѓу најдобрите на сите времиња, а неговата блескава играчка кариера како кошаркар во Лос Анџелес лејкерс влезе во музејот „Нејсмит“, заедно со уште двајца кошаркарски великани, Тим Данкан и Кевин Гарнет од генерацијата 2020. – Верувам дека сега се смее во рајот оти го фалеа во јавноста. Повеќе нема да има таков каков што беше Коби. Тој беше посебен, скромен, поинаков од другите, едноставно поголем од животот – рече меѓу другото во пригодниот говор неговата сопруга Ванеса, која беше придружувана од легендарниот Мајкл Џордан. Покрај нив тројца, во „Куќата на славните“ беа примени и тренерите Руди Томјанович и Ким Мулки, потоа Еди Сутон, а исто така постхумно и Патрик Бауман, као и две жени, Тамика Кечингс и Барбара Стивенс.


1 view

Comments


bottom of page