top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Боите на небото и водата во Тиквеш на изложбата на Темков

11.02.2021 februari cetvrtok

„Големи и мали” е наслов на најновата изложба на академскиот сликар Владимир Темков која на 12 февруари ќе биде отворена во Домот на културата во Кавадарци.

Делата на академскиот уметник во рамките на оваа изложба се на тема „Бојата на небото и водата во Тиквеш”. Овој регион е и главен интерес и инспирација за делата на уметникот. Овојпат во фокусот се водите во Тиквешијата.

“Во ова време невреме, во услови на пандемија од Ковид-19, кога времето како да застана, се создадоа временски услови за потсетување на индивидуалното творештво.

„Големи и мали” е насловена изложбата на овие слики, прикаска од нашето детство, кога на маалската улица се делевме на големи и мали. И сликите со мал формат се подеднакво важни во моето творештво, како и оние големите. Големината на моето творештво е и во малиот формат“, нагласи Темков во најавата за својата изложба.


3 views

Comments


bottom of page