Search
Блескава партија на репрезентативецот: Ѓуроски „испука“ шест тројки против Бреоган
- Aleksandar Santovski
- Jun 3, 2021
- 1 min read
Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски имаше блескава партија против Бреоган во полуфиналето на плејофот во втората лига на Шпанија Ѓуроски беше прв стрелец во возбудливата пресметка во Луго со шест постигнати тројки од осум обиди или севкупно 23 поени на кои додаде 5 скока и 1 асистенција. Меѓутоа ова негово издание не беше заокружено со славје на Аликанте кој во драматичен финиш загуби со 88-87 и сега е во негатива од 1-0 во серијата. Меѓутоа ништи не е загубено за Столе и пријателите кои во сабота на домашен терен пред своите навивачи ќе можат да го возвратат ударот и останат во игра за пласман во АЦБ лигата.

Commentaires