top of page

Блажевски: Решение за Вардар мора да се најде, Џиџи: Овие играчи се херои

На прес-конференцијата на Комити, присуствуваа и капитенот Дејан Блажевски, тренерот Никола Илиевски – Џиџи, како и некогашниот капитен а сега дел од стручниот штаб Бобан Грнчаров.

„Решение за Вардар мора да се најде. Мораме да најдеме решение барем за терен. Зошто не можеме да тренираме во Хиподром, тоа не знам и не навлегувам. Благодарност до Марино и до ФФМ, но ние мораме да имаме терен“, рече Блажевски.

„Да не беа Комитите, не знам дали Вардар сега ќе постоеше. Се гордееме со сите нив, голема благодарност“, изјави Грнчаров.„Благодарност до организаторите, и до сите што го сакаат клубот. Овие играчи се херои, без нив ова немаше да биде можно. Мислам дека мора да се надмине ова. Повик до градот и до институциите да најдат решение за Вардар. Младите момци покажаа како се игра за Вардар. Вардар продолжува да тренира на ФФМ и да се подготвува за важни натпревари низ кои ќе се брка опстанок“, рече Џиџи.


 
 
 

Opmerkingen


bottom of page