top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бијонсе се навраќа на светлите моменти од 2020 година

04.01.2021 Јануари Понеделник

Популарната аренби-пејачка Бијонсе Ноулс во неделата сподели повеќе фотографии од претходно како сеќавања од изминатата година.

На една од нив 39-годишната суперѕвезда е закопана во песок до вратот, со што се навраќа на некои светли моменти од изминатата година.

Покрај ретките фотографии, спомен на некои светли моменти од 2020 година, на кои се гледаат нејзините тригодишни близнаци Сер и Руми, таа исто така сподели постара фотографија со својата осумгодишна ќерка Блу Ајви.

Недостига нејзиниот сопруг Џеј Зи со кого е во брак 12 години, иако тој веројатно ја закопал во песокот бидејќи отпечатоците од рацете се преголеми за да бидат од близнаците.






1 view

Comments


bottom of page