top of page

Бијонсе докажа дека заслужено ја викаат кралица

Бијонсе го оправда прекарот кралицата Биј во сребрен мрежест фустан додека го славеше својот рекорден број Греми-награди заедно со својот сопруг, раперот Џеј Зи. Таа се појави изненадно на доделувањето на наградите „Греми“ во неделата вечерта, дури и откога продуцентот на настанот рече дека не ја очекува. Бијонсе продолжи да го чувствува своето присуство кога сподели свои лични фотографии со документирање на сребрената креација што ја носеше на забавите по церемонијата, познати како Греми-афтерпарти. 39-годишната пејачка изгледа самоуверено и жестоко во блескав фустан од мрежа, кој ја потенцира половината како корсет за да ја покаже својата фигура на песочен часовник.




 
 
 

Comentarios


bottom of page