top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бела Хадид речиси топлес на виртуелна писта

Некои од најголемите имиња во светот на модата и забавата се здружија за виртуелна ревија на визионерскиот бренд „Маглер“ во средата. Францускиот моден дизајнер Маглер ја претстави својата нова колекција на крајно иновативен начин – со краток филм „Пролет лето 2021, Дел 02,“ кој вклучуваше претходно снимени видеа на супермоделите Бела Хадид и Ирина Шајк, заедно со sвездата на „Еуфорија“ и колешката модел Хантер Шафер. Бела Хадид (24) ѝ остави малку на фантазијата без градник во проѕирен топ додека чекореше на виртуелна писта пред ЗД-камера, а потоа ѝ се придружи на Ирина Шајк на надреалната модна ревија. Убавицата родена во Вашингтон во еден момент имаше облечено неверојатно секси и потполно проѕирен топ, без ракави, кој сепак ги криеше брадавиците со заштитниот знак на Маглер.




1 view

Comentários


bottom of page