top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бекамови си исплатиле дивиденда од 21 милион фунти

22.01.2021 JANUARI PETOK

Дејвид и Викторија Бекам имаат добивка од 21 милион фунти од нивниот спортски и медиумски бизнис од 2019 година наваму, пренесуваат британски медиуми.

Ова е и покрај континуираните големи загуби во модниот бизнис на г-ѓа Бекам во време на пандемија.

Добивката во „Дејвид Бекам венчрс лимитед“ (ДБВЛ), фирма што управува со брендот, сопственост на поранешниот фудбалер и неговата сопруга, падна за 3,5 милиони фунти, на 11,3 милиони фунти во 2019 година.

Ова делумно се должеше на парите потрошени за експанзија и добротворни донации. Сепак, славната двојка си исплатила дивиденда од 14,5 милиони фунти на крајот на 2019 година, а во 2020 зеле дополнителни 7,1 милиони фунти.


3 views

Comments


bottom of page