top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баутиста Агут остана во игра за првата голема мастерс-титула

02.04.2021 April Petok

ТЕНИС

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут ќе игра во полуфиналето на мастерс-турнирот од серијата 1.000 во Мајами, откако во четврт-финалето забележа убедлива победа над првиот носител, Русинот Данил Медведев, со 6-4, 6-2 во сетови. Во дуелот за пласман во финалето, Шпанецот за противник ќе го има Италијанецот Јанико Синер, кој во четвртфиналната средба беше подобар од Александар Бублик, со 7-6 и 6-4. Шпанецот, кој во моментов е 12-ти на АТП-листата, до победата над моментно вториот светски рекет и прв носител на турнирот Медведев стигна по 93 минути игра, прекинувајќи ја неговата серија од седум победи. Во својата кариера Агут има освоено девет мастерс-титули, од кои осум од серијата 250 и една од серијата 500. Последен пат триумфирал на мастерс-турнирот во Доха, во 2019 година. Место во полуфиналето ќе обезбедат победниците од двојките Себастијан Корда – Андреј Рублев и Хуберт Хуркак – Стефанос Циципас. На турнирот за тенисерки во полуфиналните мечеви за место во финалето во Мајами ќе играат Ешли Брати – Елина Свитолина, односно Бјанка Андреску – Марија Сакари.


2 views

Comments


bottom of page