Search
Балашевиќ погребан во кругот на семејството со песната „Оливера“
22.02.2021 februari ponedelnik
Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денеска на Градските гробишта во Нови Сад.
Легендарниот панонски морнар бил испратен на вечно почивање без присуство на свештеник. Балашевиќ беше погребан со песната „Оливера“, посветена на неговата сопруга. Од капелата до гробното место, тамбураши ги свиреа песните на Балашевиќ.
Само најблиското семејство беше во тажната поворка, како и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубjана.
Сакајќи да се простат на само со ненадејно починатиот сопруг и татко, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата.
Comments