Ања Тејлор-Џој го пронајде својот шах-мат! Ѕвездата на „Дамски гамбит“ ужива во романса со Малком Ме
Таа се подготвува првпат да биде гостин-домаќин на култната шоу програма Saturday Night Life („Сабота навечер во живо“) овој викенд. И тоа не е единствената нова работа во животот на Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата „Дамски гамбит“ каде што глуми харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите. 25-годишната актерка беше забележана во прегратка на згодниот музичар Малком Мекре во Њујорк неколку дена пред емисијата „Сабота навечер во живо“. На фотографиите до кои дојде „Пејџ сикс“ во понеделникот, двајцата се држат за раце и се бакнуваат во текот на прошетката во Њујорк Во хит-серијата на Нетфликс, „Дамски гамбит“, насловена по потег во шахот, Ања перфектно ја портретира Бет Хармон, шаховски чудо – сираче. Приказната го следи нејзиниот живот и привлече големо внимание по тоа што во преден план става женски играч, реткост во светот на натпреварувачкиот шах.
Comentários