Аријана Гранде го реши спорот за наводен плагијат
- Aleksandar Santovski
- Mar 17, 2021
- 1 min read
Аријана Гранде го реши судскиот спор со хип-хоп пејач кој ја обвини поп-ѕвездата дека го плагирала мегахитот 7 Rings од песна што тој ја напишал две години порано. Џош Стоун ја откри спогодбата со Гранде и 13 други оптужени, вклучувајќи ги и нејзините издавачи и неколку текстописци, при поднесувањето барање во федералниот суд во Менхетн во вторникот. Условите не беа обелоденети, а судијата нареди да се отфрли тужбата на Стоун поради спогодбата. Стоун тврдеше дека високоценети музички експерти заклучиле дека ритмот, стиховите и ритмичката структура на 7 Rings биле копирани од неговата песна You Need It, I Got It. Скандалот избувна на помалку од две недели пред доделувањето на Греми-наградите, каде што Аријана беше голем фаворит за освојување неколку награди.

Comments