Анџелина Џоли ја продава сликата која Черчил му ја подарил на Рузвелт
02.02.2021 januari vtornik
Поранешниот британски премиер Винстон Черчил бил страствен и продуктивен аматерски уметник кој насликал околу 500 слики. Негова слика која е дел од политичката и холивудската историја оди на аукција, пренесуваат светските медиуми.
Аукциската куќа „Кристи“ од Лондон во своето вчерашно соопштение објави дека мароканскиот пејзаж „Кула на џамијата Кутубија“, слика кој ја насликал Черчил и ја подарил на американскиот претседател Френклин Рузвелт, во сопственост на Анџелина Џоли, ќе се продава од 1 март и е со проценета вредност од 2,1 милиони до 3,4 милиони долари.
Сликата на џамијата од 12 век во Маракеш на зајдисонце, со планините Атлас во позадина е единствената што ја направил Черчил за време на Втората светска војна во Велика Британија во период од 1939 до 1945 година.
Черчил ја цртал по Конференцијата во Казабланка во јануари 1943 година, на која Черчил и Рузвелт го планирале поразот на нацистичка Германија. По конференцијата двајцата лидери го посетиле Маракеш за да може Черчил да му ја покаже на Рузвелт градската убавина.
– Рузвелт бил воодушевен и мислел дека е неверојатна убавина “, рече Ник Орчард, шеф на одделот за модерна британска уметност во аукциската куќа „Кристи“.
Орчард додал дека Черчилна ја доловил таа необична убавина на „прекрасната слика што буди сеќавања“ и му ја подарил на Рузвелт како спомен на нивната средба и тоа патување. Меѓу другото Орчард дообјаснил дека „светлината во Мароко и над Маракеш беше нешто за што Черчил бил страствен“ и го сликал постојано.
Сликата ја продал синот на Рузвелт по смртта на претседателот во 1945 година, а имала неколку сопственици пред Џоли и Бред Пит да ја купат во 2011 година.
Џоли и Бред се разделија во 2016 година и поминаа години во постапките за развод и шпекулации за поделбата на нивната обемна уметничка колекција. Разводот на славната двојка беше финализиран во 2019 година, откако нивните адвокати побараа двојна пресуда, со што двете венчани лица можат да бидат прогласени за слободни, додека остануваат другите прашања, вклучувајќи ги финансиите и старателството над децата.
Орчард рекол дека аукциската куќа се надева оти може да постигне нов рекорд на продажба за дело на Черчил, бидејќи „рекордната цена на продажба во нивата аукциска куќа за слика на Черчил е околу 2,5 милиони долари, и тоа за слика што според него „не е толку важна како оваа“.
– И мислам дека ова е веројатно неговото најважно дело – заклучува Орчард.
Comments