top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анџелина Џоли тврди дека ѝ било скратено правото на фер судење за старателство

Анџелина Џоли откри дека судијата што ја води постапката за старателство со поранешниот сопруг Бред Пит одбил да ги ислуша малолетните деца како сведочат за своите желби во врска со старателството. Таа исто така тврди дека ѝ е скратено правото на фер судски процес. Актерката во понеделникот достави документи до Вториот апелациски суд во Калифорнија во обид да го дисквалификува судијата Џон Удеркирк од пресудата за случајот, објави АП во вторникот. Во судските документи адвокатите на актерката наведуваат дека судијата „не го зел предвид придонесот што тие би го дале зборувајќи за нивните искуства, потреби или желби“, што е во спротивност со државниот правен кодекс, кој им овозможува на малолетните лица од 14 до 17 години да сведочат. Џоли (45) и Пит (57) се родители на шест деца, од кои пет се малолетни: Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).


3 views

Comments


bottom of page