top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анџелина Џоли го нарече домашното образование на своите шест деца „предизвик“

Анџелина Џоли откри дека за неа бил вистински предизвик кога нејзините деца, наместо да одат на училиште, биле промирани на домашно образование поради пандемијата. Актерката која ги има Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12) со поранешниот сопруг Бред Пит – е благодарна што сите нејзини деца се способни и паметни па затоа не требало да се потпрат на неа во учењето дома во услови кога одењето на училиште е ставено на пауза среде пандемија. Во разговор со HELLO магазин таа рече: „Имам четири различни училишта за шест различни деца, така што сè е поинаку.“ „Јас сум скарана со математиката и ја преиспитувам историјата, па затоа сум навистина предизвикан родител кога станува збор за многу од овие работи“, вели таа. „За среќа, имам многу способни, паметни деца. Тие се провлекуваат некако, но тешко е”. 45-годишната актерка се фокусира на своите деца токму сега и вели дека е пресреќна во оваа фаза од животот.



2 views

Comments


bottom of page