Анџелина Џоли глуми во современ вестерн
02.02.2021 januari vtornik Нејзиниот следен филм е проект на „Ворнер брос“, кој треба да се појави во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ истовремено. Премиерата на современиот вестерн Those Who Wished Me Dead е закажана за 14 мај оваа година, како што објавија таблоидите. Во филмот, во режија на Тејлор Шеридан, оскаровката (45) глуми заедно со Николас Холт, Џон Бернтал, Тајлер Пери и Ејдан Гилен. Трилерот следи сведок на убиство, тинејџер, кого го гонат атентатори во пустината Монтана и тој мора да се справи со смртоносен шумски пожар. Филмот е еден од десетината проекти на „Ворнер брадерс“, што оваа година ќе бидат објавени истовремено и во коносала и на „Ејч-би-о макс“, во планот на студиото да ги минимизира финансиските последици од пандемијата и затворените киносали.
Comments