Антонио Конте добил неочекувана понуда на своја адреса
Updated: Jul 21, 2021
20.07.2021 Juli Vtornik
Сега веќе поранешниот стратег на Интер, Антонио Конте, според пишувањето на италијанските медиуми веднаш добил понуда за продолжување на својата тренерска работа.
Наводно, Конте бил контактиран од првите луѓе на Холандската фудбалска федерација кои го гледаат како идеален човек за предводник на селекцијата на „лалињата“ во иднина.
Стратегот во моментов е без ангажман и не може да побара нова работа во Серија А, затоа што во договорот со Интер му стоела клаузула која му забранува да преземе друг тим од Италија една сезона.
Фактот што и другите клубови кои беа заинтересирани за него веќе пронајдоа тренери е причината што од Холандија сакаат да го ангажираат стратегот.
Сепак, одговорот на Контебил дека ќе почека на својаадреса да добие клупска понуда и во овој момент ја одбил понудата да стане нов селектор на Холандија која остана без предводник откако му беше врачен отказ на Франк Де Бур.
Comments