top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

АМС брзо ја поправи грешката: Рекордерот Ивановски доби ваучер каков што заслужува

11.02.2021 februari cetvrtok

Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели спортските ваучери за 2021-ва година, а дефинитивно најголема бура предизвика скромната парична сума која ја доби најдобриот македонски атлетичар на подолги делници. Дарио Ивановски поставува лични и државни рекорди и имаше блескаво издание на последното атлетско првенство кое се одржа во Србија, а откако на официјалната листа беше обелоденото дека добил само 38 илјади денари како вредносен ваучер од Агенцијата за млади и спорт, следеа нависитна жестоки реакции од него, од неговиот тренер, но и од цела спортска јавност во земјата. Наспроти Јован Стојоски кој доби 300 илјади денари, Ивановски првично доби 8 пати помалку, но откако се направи сериозен притисок во јавноста, од АМС признаа дека била направена голема грешка во распределбата и македонскиот рекордер на 1500 метри ќе добие ваучер од 188 илјади денари – Дарио ретко јавно зборува.Повеќе го интересира тренинг, трка и успех. Но, кога зборува има нешто. Дури и да не го сакаш како личност, го читаш и те тера да заплачеш… Неговите зборови денес растреперија милион македонски срца. Неговите зборови ги кренаа на нозе сите кои се авторитет во македонскиот спорт. – Мојата и наша атлетска федерација на чело со претседателката Александра Војнеска Зикова експресно реагираше до АМС и оваа грешка беше поправена за многу кратко време. Ваучерот за Дарио ќе биде 5 пати поголем и во рамките на неговата врвна шампионска класа како што заслужува. Јавно и благодарам на претседателката на АФМ и одговорните луѓе во АМС за оваа исправна одлука. Одиме сите заедно во нови победи за Македонија, – порача Игор Јакимовски, тренерот на Дарио Ивановски.


1 view

Comments


bottom of page