„Амазон“ ги носи Џејмс Бонд и Роки во борба против „Нетфликс“ со купувањето на МГМ
Американската компанија за електронска трговија Amazon.com Inc го купи MGM, легендарното американско филмско студио и дом на серијалот за Џејмс Бонд, за 8,45 милијарди долари. Со оваа инвестиција „Амазон“ добива огромна библиотека со филмови и ТВ-емисии и ја зајакнува конкурентноста со стриминг-ривалите предводени од „Нетфликс“ и „Дизни плус“. Договорот има цел да го зајакне студиото на „Амазон“, кое мометално е фокусирано на телевизија, со нови и историски филмови од Ем-џи-ем (MGM), кое има откупено многу профитабилни серијали вклучувајќи ги „Роки“ и „Томб Рајдер“ од неговото основање во 1924 година. Стриминг-видеото им помага на најголемите светски трговци на мало да привлечат луѓе да се претплаќаат на „Прајм“, клуб со брза испорака, и да купуваат повеќе откако ќе станат негови членови. Со оваа инвестиција „Амазон“ покажува дека сака да остане конкурентен на пазарот на стриминг-платформи. „Нетфликс“, „Дизни плус“ и другите стриминг-услуги инвестираат илијарди долари за да ги наполнат своите библиотеки со нови содржини во борбата за повеќе претплатници.
Comments