Алушовски: Знаеме од каде доаѓа најголемата опасност на Порто
02.02.2021 januari vtornik
Вардар со многу мака стигна до победа против Нексе и го оствари вториот триумф во СЕХА лигата, а тренерот Стевче Алушовски верува дека првите два испити во регионалното натпреварување биле добра подготовка за она што следи.
Пред македонскиот првак сега е првиот предизвик во Лигата на шампионите по двомесечната пауза, односно пресметка со тимот на Порто кој при гостувањето во Скопје во 2020-та година успеа да извлече реми во „Јане Сандански“.
– Утрово одработивме тренинг пред патувањето за Порто, но интензитетот беше помал со оглед на тоа што вчера игравме против Нексе. Се потрудивме да ги издвоиме позитивните работи од мечот со Нексе кој беше неизвесен до последната минута, па со позитивни мисли заминување за Порто.
– Добро го изанализиравме Порто, ќе бидеме подготвени за натпреварот во четврток. Ќе имаме уште еден тренинг таму и на истиот ќе ги договориме последните детали за тоа како ќе одиграме на натпреварот.
– Знаеме дека не чека тежок натпревар. Во овој момент, Порто има значење на мала селекција на Португалија. 12 нивни играчи се репрезентативци на Португалија, најголемата опасност се нивните бекови, левите и средните бекови. Ако добро ги затвориме нив, ќе имаме добра шанса за поволен резултат, – изјави Алушовски.
Comments