Search
Актерката Глен Клоуз номинирана и за Оскар и за Златна малина
- Aleksandar Santovski
- Mar 17, 2021
- 1 min read
Амeриканската актерка Глен Клоуз, која е во своето осмо десетлетие од животот, ја доби и деветтата номинација за Оскар. Станува збор за нејзината улога во филмот „Елегија за планинците“ (Hillbilly Elegy).
Според гласовите на наградите „Златна малина“, коишто се спротивност на Оскарите, пак, глумицата ја доби и првата ваква своја номинација, за истата улога.
Инаку, само на двајца други актери во историјата им се случило тоа – на Ејми Ирвинг и Џејмс Коко. Но никој досега не ги освоил двете награди за иста улога.
Да потсетиме, како што Оскарот се доделува за најдобра глума и улога, „Златната малина“ се заслужува со најлошата глума и улога на годината.

Comments