top of page

„Аватар“ е повторно филм со најголема заработка во светот

15.03.2021 mart ponedelnik

Популарниот филм на Џејмс Камерон „Аватар“ го надмина „Одмаздници: крајна игра“ и повторно е на врвот на листата на филмови кои заработија најмногу пари во киносалите ширум светот.

„Аватар“ го држеше рекордот како филм со најголема заработка од неговата премиера во 2009 година до април 2019 година, кога го престигна „Одмаздници: крајна игра“.

Филмот за суперхероите „за влакно“ го надмина филмот на Камерон, заработувајќи 2,79 милијарди долари, додека „Аватар“ го држеше рекордот со 2,78 милијарди долари.

Но, пресврт се случи кон крајот на минатата недела. Имено, „Аватар“ беше прикажан во киносалите во Кина, каде заработи нешто повеќе од 3 милиони долари, што го врати на првото место затоа што сега има вкупен профит од околу 2,80 милијарди долари.

Продуцентот на „Аватар“, Јон Ландау, истакна дека филмската екипа е многу задоволна од фактот што повторно се на првото место, но и дека биле многу посреќни со фактот што филмот успешно се прикажуваше во киносалите и покрај пандемијата на коронавирусот и дека им се благодарни на сите кои решија да го погледнат.


 
 
 

Commentaires


bottom of page