„The Beatles: Get Back“ – документарец за славниот британски бенд во режија на Питер Џексон
08.01.2021 Јануари Петок
Режисерот Питер Џексон овозможи мал увид во неговиот документарец за еден од најславните бендови на сите времиња „Битлси“. Под насловот „The Beatles: Get Back“, документарецот го следи периодот од создавањето на претпоследниот албум „Let It Be“ во 1970-та година.
На режисерот познат по „Господар на прстените“, за снимањето на документарецот му бил овозможен увид во 55 часа никогаш објавени снимки и 140 часа аудио-записи, кои потоа ги реставрирал користејќи ја истата техника за развивање како и кај неговиот документарец за Првата светска војна „They Shall Not Grow Old” кој доби безброј позитивни критики.
Докуметарниот филм во кината би требало да стигне на 27 август 2021 година. За да се совпадне со неговата премиера, се очекува и обновената верзија на оригиналниот филм „Let It Be“ во режија на Мајкл Линдзи-Хог.
Comments