Џулија Робертс покажува дека е сè уште убава жена
07.12.2020 Декември Понеделник Таа е долгонога филмска кралица од 1990 година кога со Ричард Гир дојде до мегаслава со блокбастерот „Убава жена“. Џулија Робертс покажа дека нејзините нокаут-нозе се сè уште во топ-форма кога во вторникот отиде на прошетка на плажа на Хаваите. 53-годишната оскаровка зрачи со квалитет на ѕвезда, дури и во секојдневна облека, модерен пар шорцеви на „Дејзи Дјук“ и спортска кошула врзана околу половината. „Убавата жена“, која го освои првин Холивуд, а потоа и светот, сега има 53 години. Џулија се прослави со романтичната комедија „Убава жена“ (Pretty Woman) во 1990 година и набргу стана една од најплатените актерки. Големата ѕвезда, која е мајка на три деца, се закити со „Оскар“ за улогата во биографскиот филм „Ерин Брокович“. Таа е една од омилените личности меѓу колегите и кај публиката. Веќе одамна не е активна на холивудската сцена, а и не може често да се види на гламурозни настани.
ความคิดเห็น