top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џуди Денч ја отпуштила својата агентка по застрашувачко возење во тематски парк

Џуди Денч ја отпуштила својата агентка на лице место откако паднала 24 метри во базен со вода во тематски парк. 87-годишната ѕвезда се присети на една случка кога отишла во студиото „Јуниверзал“, каде ја советувале да се качи за превоз, но таа не сфатила дека на крајот ќе заврши во вода. „Бевме излезени во Лос Анџелес и мојата агентка рече: ‘Морам да те одведам во студиото Јуниверзал’“, рече актерката во текот на поткастот Acting For Others Presents. „Ѝ реков дека не сакам ништо што ме фрла во воздух. И така, бевме во мали чамци и беше многу интересно. Но, тогаш одеднаш паднавме 80 стопи во базен со вода. Бев толку лута. Истиот момент ѝ реков: ти си отпуштена.“


2 views

Comments


bottom of page