top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џуди Денч почна да користи и да танцува на „Тик-ток“

Во текот на синоќешното виртуелно гостување во ток-шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-би-си, каде што го промовира својот нов филм „Белфаст“, Дејм Џуди Денч откри како нејзиниот внук ја натерал да се занимава со танцувачки предизвици на „Тик-ток“. 87-годишната британска актерка рече дека нејзиниот внук Сем Вилијамс дошол кај неа додека таа била во самоизолација и ѝ рекол: „Мислам дека треба да направиме малку ‘Тик-ток’“. „Јас му реков дека сум апсолутно безнадежна во тие работи, но тој ме увери да не се грижам бидејќи ќе вежбаме претходно“. Откога извежбале и го снимиле клипот, таа го прашала дали ќе го објави. „Треба уште вежбање“, ѝ рекол внукот. „Тој беше тиранин“, се пошегува Џуди. Таа никогаш не го видела готовиот резултат, а Сет потоа ја покажал снимката на која танцува со својот втор внук. Џуди и Сем потоа продолжиле со други танцувачки предизвици на апликацијата „Тик-ток“. Сет потоа ја информирал дека Сем исто така се зафатил и со рецензии на нејзини филмови.



1 view

Comments


bottom of page