Џорџ Расел ја растури конкуренцијата во борбата за пол-позицијата, Антонели си ги уништи квалификациите формула 1
25.09.2026 Septemvri Petok
Џорџ Расел, со освојувањето на пол-позицијата, го круниса се она што го правеше на слободните тренинзи. Ги декласира конкурентите, беше побрз од Шарл Леклер и Оскар Пјастри за речиси една секунда.
Најбрзиот круг на Британецот изнесуваше 1:42.526 минути.
До Расел од првиот стартен ред ќе стартува Леклер, кој задоцни за 837 илјадото делови од секундата, а неверојано беше побрз од Пјастри за еден илјадити дел од секундата.
Одлични квалификации имаше Исак Хаџар, кој пропушти три трки поради повреда. Возачот на Ред Бул ќе стартува од четвртото место.
Трката во првите 10 ќе ја започнат и Ландо Норис, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Макс Ферстапен, Карлос Саинц и Франко Колапинто.
Големата награда на Азербејџан, низ улиците на Баку, утре ќе започне во 13 часот по средно европско време.
Foto/ Depositphotos







Comments