Search
Џорџ Клуни ќе продуцира нова ТВ-серија за Бак Роџерс
29.01.2021 januari petok Откако првпат по децении се појави на малите екрани со Catch-22 во 2019 година, Џорџ Клуни сака да го воскресне популарниот стрип-јунак Бак Роџерс во нова серија. Клуни (59) се вклучува во новата научнофантастична серија за Бак Роџерс како извршен продуцент преку неговата компанија Smokehouse Pictures. Иако сè уште нема потпишано договор за да глуми во новиот проект, тој најверојатно ќе биде дел од актерскиот тим, објави „Холивуд репортер“. „Леџендари“ го развива проектот, опишан како „престижна лимитиарна серија“ со надеж дека може да биде филм доколку биде успешна.
Comments