Џорџ Клуни одбил голема сума пари за реклама на авиокомпанија
Џорџ Клуни откри дека еднаш одбил понуда од 35 милиони долари за да се појави во реклама за авиокомпанија. На холивудскиот актер му било понудена неверојатна сума пари за еден ден работа, но неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал (43), го убедила дека не вреди бидејќи е поврзана со „сомнителна земја“. „Ми понудија 35 милиони долари за еден ден работа за реклама на авиокомпанија, но разговарав со Амал за тоа и решивме дека не вреди. Беше за земја што, иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна и затоа си помислив: „Ако ми одземе макар и една минута сон, не вреди“, рече Клуни во разговор со „Гардијан“. Во интервјуто, Клуни – кој е во брак со Амал од 2014 година и ги имаат четиригодишните близнаци Ела и Александар – исто така се отвори за своите родителски вештини нагласувајќи дека и покрај брзото темпо на живеење и многуте обврски, парот не се потпира целосно на дадилки. „Немаме персонал со полно работно време бидејќи на Амал ѝ е многу важно да биде вклучена. Имаме дадилка четири дена во неделата, а остатокот од времето сме само ние. А за време на самоизолацијата бевме само ние – цела година! Се чувствував како мајка ми во 1964 година, со миење садови и ставање во машина шест купа алишта дневно“, рече Клуни за британскиот весник.
Comments