Џони Деп снима нов филм во Париз, го глуми Луј Петнаесетти
Џони Деп деновиве во Париз ги снима кадрите од новиот филм, во кој го толкува ликот на ексцентричниот француски крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18 век. Тој ја доби првата улога по долгиот судски спор против неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Хард. Според многумина, актерот кој стекна огромна популарност со улогата во филмот „Пиратите од Карибите“, почна да си ја враќа кариерата во нормала.
Инаку, проектот со работен наслов „Zeana di Bari“ е во претпродукција.
Деп снима за Нетфликс, а покрај него во филмот ќе глумат и француската актерка Мејвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари – последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.
Мејвен ле Беско (46) освен што ќе глуми и ќе го режира филмот.
Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но „Нетфликс“ не е вклучен во ништо друго.
„Варајети“ претходно напиша дека снимањето на филмот ќе започне летово во околината на Париз, пред сè, во Версајската палата и ќе трае три месеци.
Џони по судењето изјави дека „животот му се вратил“ и дека за него „најдоброто допрва доаѓа“.
Упатените од филмската индустрија за „Пипл“ изјавија дека Деп ја доби својата нова шанса, нарекувајќи го симпатичен и многу талентиран.
Comments