top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џони Деп се обрати до Апелацискиот суд во Лондон во обид да ја поништи пресудата за случајот со клев

10.12.2020 Декември Четврток Џони Деп можеби ја изгуби битката, но тој сепак смета дека може да ја добие војната. Холивудскиот актер се обрати до Апелацискиот суд во Велика Британија во обид да ја поништи пресудата на Високиот суд минатиот месец дека весникот „Сан“ не го клеветел кога го опишал како тепач на жена, пренесува порталот „Дедлајн“. Според жалбата до Апелацискиот суд, видена од британската генција „Прес асосиејшн“, Деп продолжува со правната битка што го чинеше загубена улога во серијалот „Фантастични sверки“ на „Ворнер брос“ додека актерот се обидува да ги поништи обвинувањата изнесени од неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Судијката Ендру Никол претходно истакна дека употребата на изразот тепач на жена од страна на весникот во статија од 2018 година е суштински вистинита. Во нејзината пресуда исто така стои дека Деп физички ја нападнал Херд. Деп реши да се бори против оваа пресуда. Неговиот адвокатски тим се обрати до Апелацискиот суд во Лондон.



5 views

Comments


bottom of page