top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џони Деп не се враќа во „Пиратите од Карибите“

Глумецот Џони Деп не планира да се врати во филмот „Пиратите од Карибите“, а тоа го потврди и неговиот портпарол. Некои американски медиуми тврдат дека му биле понудени 301 милиони долари само да биде повторно дел од екипата на популарната франшиза.

Деп на судењето за клевета со бившата сопруга Амбер Хард рекол дека не планира да се враќа, па дури и да му понудат 300 милиони долари и милион алпаки. Таквиот износ, во секој случај, би бил нереален, со оглед на фактот дека би бил поголем од целокупниот буџет за снимање на филмот. Портпаролот на Деп вели дека сите медиумски написи за враќањето на Џони се измислени.

Славниот актер последен пат го глумеше Џек Спароу во 2017 година. Како што се наведува, во план е снимање уште на две продолженија на серијалот, но Деп нема да биде во ниеден од нив.

Тој беше исфрлен од „Пиратите од Карибите“ откако Амбер Хард во 2018 година го обвини за физичко и сексуално малтретирање.


0 views

Comments


bottom of page