top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џони Деп заинтересиран да купи паб во Англија

Џони Деп фрлил око на паб во Обединетото Кралство во сопственост на свршеницата на најдобриот британски пекар и ТВ-презентер Пол Холивуд, огласен за продажба за цена 1,2 милион долари, дознава „Сан“. Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (59), кој неодамна го напушти Лос Анџелес за мирен живот во англиско село, наводно е многу заинтригиран да го купи „Чекерс ин“. Весникот пренесува дека Деп е голем обожавател на овој локал, кој го води Мелиса Спалдинг (38), партнерка на славниот пекар и слаткар уште од 2019 година. Деп (59) е близок пријател со илустраторот Ралф Стедман за кој се вели дека го информирал за продажбата на „Чекерс ин“ во Смарден, во близина на Ешфорд, Кент. „Деп го обожава пабот со години. Тој ја сака историјата и претходно зборуваше дека сака да купи паб“, открива извор за весникот.



2 views

Comments


bottom of page