top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џони Деп доби пресуда против Амбер Херд, судот бара пристап до документите за донации

Updated: Aug 5, 2021

04.08.2021 Sreda Avgust

Познатиот холивудски актер Џони Деп (58) ја доби посакуваната пресуда во бракоразводната парница против својата поранешна сопруга Амбер Херд (35). Главниот судија на оваа парница делумно го одобри барањето на адвокатот на Деп и ќе ја принуди американската Унија за граѓански слободи да објави документи кои потврдуваат дали Херд го исполнила својот дел од спогодбата за развод. Имено, Амбер и Џони се венчаа во 2015 година, а таа поднесе барање за развод само една година подоцна наведувајќи ги непомирливите разлики како причина, а потоа го обвини актерот за насилство. Судската сага траеше со месеци. Деп и неговите адвокати ги негираа сите наводи на Херд и тврдеа дека таа сака да профитира со финансиски надомест. Поранешниот пар успеа да постигне спогодба од 7 милиони долари за кои Амбер тврдеше дека ќе ги донира на Унијата за граѓански слободи и детската болница во Лос Анџелес. Актерот сега се обидува да добие информации дали неговата поранешна сопруга го одржала ветувањето и дали донирала пари. Неговиот адвокат Ендрју Калдекот тврди дека донацијата е „пресметана и манипулативна лага“ и дека од самиот почеток тоа било план со кој ќе го уништи поранешниот сопруг. Покрај тоа, адвокатот на Деп тврди дека детската болница во Лос Анџелес во 2019 година ги известила дека Амбер не извршила никакви плаќања. Главниот судија на оваа парница во вторникот пресуди во корист на Деп. Тој ќе ѝ наложи на Унијата за граѓански слободи да објави документи кои потврдуваат дали Херд го исполнила својот дел од спогодбата. Ако се покаже дека не се придружувала кон спогодбата, актерот и неговиот тим ќе имаат силен доказ против Амбер.



0 views

Comments


bottom of page