Џони Деп доби подарок свој портрет
Џони Деп не само што го доби случајот за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд туку освои и многу срца. Како гест на поддршка еден уметник наслика црно-бел портрет на актерот. Сликата наиде на голем одѕив кај луѓето и затоа тој реши да му ја подари. Скот Гринвуд, уметникот што наслика портретот, се огласи на „Твитер“ за да сподели снимка од средбата со холивудскиот актер. „Мојата вирална слика дојде до Џони Деп! Ви благодарам на сите, немаше да успеам без вас“, твитна уметникот. Видеото покажува дека Деп е вистински одушевен од ова уметничко дело. „Ова е лудило, се гледаат и најмалите детали“, коментира актерот. И двајцата им се заблагодарија на фановите, без кои, како што рече Деп, „ништо од ова не би било можно“. Гринвуд исто така напиша дека Џони е најсимпатичниот човек што некогаш го сретнал и дека подоцна потпишал неколку намалени принтови од сликата. „Џони покажа дека ја цени мојата работа, тој е буквално најмилиот човек што сум го сретнал, тој, едноставно, е прекрасен!“, напиша уметникот во коментар. Пред една недела Гринвуд сподели видео на „Твитер“, во кое го објаснува значењето на фотографијата. Во заднината на портретот, на кој Деп е прикажан со затворени очи, пишува „Правда“ и „Никогаш повеќе нема да ми ги видиш очите“. „Деп тоа ѝ го кажа на Амбер Херд по што никогаш не ја погледна во судницата“, објасни сликарот.
ความคิดเห็น