top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џон Малкович ќе одржи прес во Охрид пред утрешната претстава

Американскиот актер со хрватски корени Џон Малкович (69) доаѓа на 63. „Охридско лето“ како ексклузивен гостин , на 26 јули ќе настапи во претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, во режија на Михаел Штурминген, на магичната сцена на Антички театар, како дел од европската турнеја. Диригент е Мартин Хаселбок, солисти: Чен Реис – сопран и Сузан Лангбејн – сопран и оркестарот Wiener Akademie.

„Пеколна комедија …“ е автобиографија на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер изведена на сцена. Унтервегер бил затворен за убиство, но станал поет и писател додека ја отслужувал казната; Со помош на интелектуалците и политичарите на крајот бил помилуван, тврдејќи дека тој е пример за „рехабилитација“. Откако беше ослободен, Унтервегер стана новинар и баран предавач. Фатен и повторно осуден, си го одзел животот.

Малкович, денес, во хотелот Инекс Олгица, ќе одржи прес-конференција посветена на Американската вечер на „Охридско лето“. По Охрид, доаѓа во Скопје, каде во негова чест ќе биде организирана бизнис-уметничка вечера, откако актерот, продуцент и режисер најави дека во Македонија ќе гради филмски студија.






2 views

Comments


bottom of page