top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џоди Фостер ќе глуми во новата сезона на „Вистински детектив“

Познатата американска актерка Џоди Фостер ќе ја гледаме во следната, четврта сезона на криминалната серија „Вистински детектив“, на телевизијата „Ејч-би-о“, пишува „Вераети“.

Таа ќе ја игра детективката Лиз Денверс, која заедно со нејзината партнерка Еванџелин Наваро се обидува да го реши случајот со исчезнувањето на шестмина вработени во Арктичката истражувачка станица на Алјаска. За да ја откријат вистината, двете ќе треба да се соочат со темнината што ја носат во себе, но ќе откријат и многу непријатности во врска со жителите на градот Енис на Алјаска.

Џоди Фостер беше номинирана за четири „оскари“ и двапати ја доби престижната награда на Американската филмска академија, за главните улоги во филмовите „Обвинетиот“ и „Кога јагнињата ќе стивнат“. Меѓу другите нејзини улоги треба да се издвојат оние во филмовите „Таксист“, „Контакт“, „Соба за паника“ и „Маверик“. Улогата во серијата „Вистински детектив“ ќе го обележи нејзиното големо враќање на телевизија, бидејќи освен неколку гостувања, таа немала значајни улоги во серии од 70-тите години.

„Вистински детектив“ е криминална ТВ-драма, во која секоја нова сезона има сосема нова приказна и ликови. Дизајнирана е од Ник Пиколато, кој го напиша сценариото за сите снимени епизоди од серијата. Оваа улога во новата сезона ќе им ја препушти на Иса Лопез и на Алан Пејџ Аријага. Датумот на објавување на четвртата сезона сè уште не е познат.


2 views

Comments


bottom of page