Џо Лара, sвезда на ТВ-серијалот „Тарзан“, загина во авионска несреќа
01.06.2021 Juni Vtornik
Американскиот актер Џо Лара, најпознат по улогата на Тарзан, се претпоставува дека загинал во авионска несреќа во Тенеси. 58-годишникот е меѓу седумте лица за кои се верува дека починале кога нивниот мал авион паднал во езеро во близина на градот Смирна во саботата. Неговата сопруга Гвен Шамблин Лара е исто така меѓу жртвите. Нивниот авион „цесна Ц501“ паднал во езерото Перси Прист во близина на градот Смирна, непосредно по полетувањето од аеродромот Смирна Рутерфорд во саботата околу 11 часот, според локалните медиуми. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека најверојатно нема преживеани патници и дека се води истрага за да се утврдат причините за несреќата. Спасувачките екипи велат дека на местото на несреќата пронашле делови од авионот и човечки остатоци. Лара ја играше главната улога во ТВ-филмот „Тарзан во Менхетен“ во 1989 пред да ја репризира улогата во ТВ-серијата „Тарзан: Епските авантури“. Тој се откажа од актерството во 2002 година за да започне кариера во кантри-музика.
Comments